ОПШТИ ОДРЕДБИ И УСЛОВИ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ВОЗИЛА

Друштво за трговија, превоз и услуги МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје, е компанија регистрирана во Р.Македонија со седиште на Бул. 8 ми Септември бр. 18 Скопје, со ЕДБ 4030001406990 и ЕМБС 5496969.

Во согласност со Општите одредби и услови за изнајмување, МИДА РЕНТ – А – КАР ДООЕЛ Скопје, доколку склучи договор за изнајмување на возило, се обврзува да изнајми возило (возила) на Изнајмувачот, за временски период одреден во Договорот за изнајмување на возило, а во согласност со Општите одредби и услови и одредбите дефинирани во Договорот за изнајмување.

Со Општите одредби и услови се дефинираат:

1. Сопственоста на возилото кое се изнајмува:

Возилото (возилата) се исклучива и неотуѓива сопственост на МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје, а изнајмувачот на возилото нема други права и овластувања, освен оние кои се утврдени во Договорот за изнајмување.

2. Кој може да склучи договор за изнајмување:

Договор за изнајмување на возило, може да склучи домашно или странско физичко или правно лице, а со возилото може да управува лице кое наполнило 23 години и кое има важечка возачка дозвола за категорија соодветна на типот на возилото кое се изнајмува и возачко искуство од најмалку 3 години (3 x 365).

Корисникот на возило при склучување на Договор за изнајмување на возило е должен да приложи документ за идентификација - важечка лична карта/пасош и возачка дозвола од категорија соодветна за управување на типот на возилото кое се изнајмува.

Доколку Корисникот на возилото, не приложи соодветна и комплетна документација, а уплатата е веќе реализирана преку некој од начините на плаќање, МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје, има право да не му врати уплатените средства на Корисникот.

3. Изнајмување и превземање на возилото:

Возилото го превзема Корисникот , со склучување на Договорот за изнајмување.

Со потпишување на Договорот за изнајмување, Корисникот потврдува дека возилото и опремата која е предмет на изнајмување се во исправна состојба.

Корисникот е должен да го врати возилото во рокот утврден во Договорот за изнајмување.

Возилото може да се користи на територијата на Р.Македонија и на територија на Европа.

4. Лица кои не смеат да го управуваат изнајменото возило:

Изнајменото возило (возила) не смее да го управува:

лице кое не е изречно наведено/идентификувано во Договорот за изнајмување и не е овластено од изнајмувачот за управување со возилото. Управување со изнајменото возило од страна на неовластено лице се смета за кршење на Општите одредби и услови, а Корисникот на возилото е одговорен и ќе ги сноси сите штетни последици од управување со изнајменото возило од страна на неовластеното лице.

5. Возилото не смее да се употребува:

за платен превоз на патници и стока

за било какви натпреварувања, брзински проби или трки

под влијание на алкохол, средства за смирување, наркотици, средства за спиење и други лекови

од лице кое дало лажни податоци при склучување на договорот за изнајмување

ако возилото не е во возна состојба или го надминува бројот на предвидени патници и багаж, доколку е со одмината важност на сообраќајната дозвола или од било која причина е технички неисправно

надвор од категоризирани сообраќајници

за превоз на опасни, запалливи материјали и/или радиоактивни материјали

за превоз на живи животни и на домашни миленици

возилото не смее повторно да биде изнајмено или дадено на користење на друго лице освен она кое го склучило договорот за изнајмување или од него е овластено за управување со возилото

возилото не смее да се отуѓи, заложи, не смее да биде предмет на присилно извршување, ниту смее да се дава како гаранција или обезбедување спрема трети лица

Со непочитување на горенаведените одредби, Корисникот одговора за сите штетни последици, а МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје, има право да бара возилото ВЕДНАШ да биде вратено, како и да бара да му биде надоместена штетата настаната од непочитување на овие Општи услови и одредби.

6. Одржување и сервисирање на возилото

за целиот период на траење на договорот за изнајмување, Корисникот е должен да го користи возилото како добар домаќин односно добар стопанственик и е должен да ги превземе сите неопходни мерки за заштита за да го одржува возилото во иста состојба во која што е примено

за времетраење на договорот за изнајмување на возило, Корисникот е должен да врши дополнување на резервоарот со соодветен тип на гориво, течност за стакло и антифриз по потреба. Доколку се употреби несоодветен тип на гориво, изнајмувачот ќе биде одговорен за настанатата штета, освен ако истата може да се препише на вина на трето лице

пушењето (не) е забрането во возилата, доколку то�� не е изречно нагласено. Во возилата во кои има забрана за пушење, МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје има право на надомест на паушален надомест во износ од 3.090,00 ден., во случај на непочитување на оваа забрана од страна на изнајмувачот или од него овластено лице

Корисникот е должен да ја следи состојбата на сигнализацијата поставена на контролната табла на возилото и должен е да ги превземе сите неопходни мерки и активности за спречување од настанување на штета, а особено поради заради запазување на временскиот интервал за редовно сервисирање на возилото

Корисникот е должен да врши вообичаени прегледи на состојбата на возилото, должен е редовно да врши преглед и контрола на потребното количество на масло и вода во возилото, како и да одржува соодветен притисок на пневматиците

Корисникот е должен на секои поминати 15.000 км, да го извести Изнајмувачот заради вршење на редовни сервиси на изнајменото возило заради замена на филтри за масло и воздух кај овластен сервис

се забрануваат било какви измени и/или механички интервенции на возилото, а доколку се прекрши оваа забрана, Корисникот ќе ги сноси трошоците за враќање на возилото во состојба во која е примено

7. Одговорност од штета

Корисникот одговора за целата штета на возилото, на деловите и опремата во возилото која не се признава по условите на каско осигурување.

Корисникот одговара за штета која би настанала на возилото, деловите и опремата во возилото, која настанала како резултат на несоодветна употреба и ракување.

Корисникот одговара за штата која ќе настане поради замена на делови или опрема, а истата замена не е потребна, или пак делот е заменет со стар дел или дел кој е со послаб/несоодветен квалитет.

8. Депозит

При изнајмување на возилото, Корисникот е должен да остави депозит во износ од 500 Евра, (без ДДВ), при што уплатата на депозитот е исклучиво со кредитна картичка. Висината на депозитот е фиксна и независна од типот на возилото кое се изнајмува. Депозитот останува кај МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје се до враќање на возилото во состојба во која е примено.

Депозитот служи како обезбедување за евентуални оштетувања или уништувања на возилото како и за надоместување на штета, која го надминува износот на франшизата (500 Евра), за Каско осигурување.

9. Резервација и откажување на резервација на возило

Резервација на возило за изнајмување може да се направи преку телефонски контакт или директно во просториите на МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје на Аеродром или во просториите на МИДА Бизнис Центар во Скопје, на адреса Бул. Октомвриска револуција бр. 18.

Резервација може да се направи и online преку web страницата на МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје.

При резервација на возило, Корисникот е должен да ја уплати вкупната сума на изнајмување.

Во случај на откажување на резервација на возилото, МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје, ќе изврши рефундирање на средства на следниот начин:

- за откажување 15 дена пред датумот на подигање на возилото – 50% од вкупниот износ

- за откажување 7 дена пред датумот на подигање на возилото – 70% од вкупниот износ

- доколку изнајмувачот не го подигне возилото на датумот на подигање на возилото – 0% од вкупниот износ

Плаќањето може да биде во готово или online, при што online плаќањата можат да бидат вршени исклучиво со кредитни/дебитни картички на MASTERCARD и VISA.

При online плаќања, целата сума за изнајмување на возилото ќе биде резервирана, во корист на МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје.

Плаќањето се врши во готово или со кредитни/дебитни картички на MASTERCARD и VISA.

10. Начин на плаќање

Плаќањето може да се изврши однапред (плаќање однапред при вршење на online резервација, резервација преку телефонски контакт или при изнајмување на возило директно од канцеларијата на МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје на Аеродром или во МИ-ДА Бизнис Центарот во Скопје)

Плаќањето може да се изврши и по доставена фактура. По завршувањето на Договорот за изнајмување ќе се изврши пресметка на износот за изнајмувањето, врз основа на ценовник за изнајмување, кој важи на денот на склучување на договорот, со придржување на податоците кои се во договорот, дополнителните трошоци и можните посебни услови.

Конечниот и вкупниот износ за изнајмувањето ќе биде фактуриран и наплатен во време на враќање на возилото и истек на времето на изнајмувањето, односно во рок од 8 (осум) дена од приемот на фактурата, а во спротивно ќе биде пресметана и наплатена законска казнена камата за задоцнето плаќање.

Со склучување на договор со МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје, Корисникот е изрично согласен дека МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје, од неговата сметка може да ги наплати сите износи за изнајмување кои останале ненаплатени, за што Корисникот е должен да потпише писмена согласност при превземање на возилото.

Доколку повеќе лица се потписници на Договорот за изнајмување на возило, истите се лично и солидарно одговорни за плаќање на сите доспеани износи согласно Договорот.

11. Продолжување на изнајмувањето и враќање на возилото

Корисникот може да го продолжи договорот за изнајмување, за што е должен да го извести МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје најмалку 1 дена пред истек на договорот

Корисникот е должен да го врати возилото во денот и часот, утврден во Договорот за изнајмување и на местото од каде што возилото е подигнато.

Периодот на изнајмување се смета за завршен кога возилото ќе биде вратено во деловната единица на МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје од каде што е подигнато возилото и откако ќе бидат предадени клучевите и сообраќајната дозвола на овластено лице на МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје.

Ако Корисникот задоцни со враќање на возилото, повеќе од 2 (два) часа, од утврдениот термин за враќање, му се наплатува како за цел ден користење на возилото.

МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје нема обврска за враќање на уплатените средства во случај на предвремено враќање на возилото.

МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност за оставени или заборавени предмети или документи во возилото.

При враќање на возилото Корисникот е должен заедно со овластено лице од МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје да изврши преглед на возилото заради увид на состојбата на возилото, а доколку Корисникот не е во состојба или одбива да го прегледа возилото, овластено лице од МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје може и без присуство на изнајмувачот да изврши преглед и контрола на возилото.

Доколку при враќање на возилото и по извршениот преглед биде констатирана штета на возилото истата ќе биде наплатена од износот на депозитот уплатен во корист на МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје.

12. Гориво

Горивото не е вклучено во цената за изнајмување.

Возилото се изнајмува со полн резервоар и Корисникот е должен да го врати возилото со полн резервоар. Доколку возилото биде вратено со помалку гориво од моментот кога е превземено, за остатокот до полн резервоар ќе му се наплати на Корисникот 2 Евра по литар.

13. Дефекти

Корисникот е должен за секој дефект веднаш и без одлагање да го извести Изнајмувачот.

Поправка или замена на делови можат да се вршат само во овластени сервиси, во спротивно Изнајмувачот ќе биде одговорен за штетата настаната доколку изврши поправка или замена на делови кај неовластен сервис и ќе нема право да бара враќање на платените трошоци за поправка или замена.

Доколку замената на делови е направена во странство, Корисникот е должен и покрај даденото одобрение за поправка или замена на дел, при премин на државната граница да ја завери сметката за извршената поправка и да го пријави заменетиот дел. На Корисникот му се признаваат трошоци за поправка односно замена извршена во странство, во висина на приложената сметка, во денарска противвредност сметано по средниот курс на НБ на РМ што важи на денот на исплатата.

Доколку замена на делови или поправка на возилото е извршена во странство, без претходно одобрение од страна на МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје, во тој случај, на Корисникот ќе му бидат признати трошоци во висина која ќе ја оцени Комисија на МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје, во денарска противвредност, сметано по средниот курс на НБ на РМ што важи на денот на исплатата.

Доколку при враќање на возилото се констатира дека некој дел од возилото, опремата или дополнителната опрема е изгубен или оштете��, Корисникот е должен да го плати полниот износ на штета во висина на оштетениот или изгубениот дел, опрема или дополнителна опрема.

14. Документи и клучеви

Сите возила кои се предмет на изјамување, се опремени со потребни документи вклучително и на документи за премин преку државната граница. Во случај на губење или оштетување на документите и/или клучот, Корисникот е должен да ги надомести трошоците за истите.

Каско осигурувањето, не ги покрива штетите настанати на коритото за масло (картер), гуми, бандажи и ентериер на возилото, а за штетата настаната на овие делови, одговара Корисникот и истиот е должен да ја надомести во целост.

15. Осигурување на возила и патници

Сите возила кои се предмет на изнајмување се осигурани од автоодговорност од штети причинети од трети лица, кај надлежна осигурителна компанија.

Возилата кои се предмет на осигурување се истовремено и каско осигурани со франшиза од 500 Евра. За штетата која го надминува износот на франшиза, одговара Корисникот и истиот е должен да ја надомести штетата која го надминува овој износ.

Доколку штетата на возилото е настаната по вина на Корисникот, истиот е должен да ја надомести во целост.

Со дневна доплата, во висина која се одредува според важечкиот ценовник, возачот и патниците можат да бидат осигурани од телесни повреди и смрт според важечката полиса за осигурување.

16. Одговорност и обврски во случај на сообраќајна незгода или кражба на возилото

Во случај на сообраќајна незгода или кражба на возилото, Корисникот е должен веднаш и без одлагање да ја извести најблиската полициска станица и МИДА РЕНТ – А – КАР МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје.

Корисникот е должен да пополни и да достави до МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје, формулар - Изјава за незгода, кој е приложен во документите во возилото, со сите податоци за незгодата и да го достави до МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје, во спротивно одговара за надомест на штетата настаната поради непочитување на оваа обврска.

Корисникот е должен да соработува со МИДА РЕНТ-А-КАР ТУРС ДООЕЛ Скопје, во текот на истрагата и постапката.

Во случај на кражба на возилото, Корисникот е должен да приложи Записник од полиција за случената кражба заедно со клучевите од возилото и документите доколку и тие не се украдени.

17. Сообраќајни прекршоци

Сите казни за сторени сообраќајни прекршоци сторени за времетраење на договорот за изнајмување, паѓаат на товар исклучиво на Корисникот на возилото. Корисникот одговара за штетата која ја предизвикал со возилото за времетраење на договорот за изнајмување, доколку осигурувањето од било која причина не го надомести полниот износ на штета.

Во случај, Корисникот на возилото да не го врати возилото во рокот утврден во Договорот за изнајмување, се смета дека истиот противправно го присвоил возилото и истиот одговара според одредбите од Кривичниот законик на Р.Македонија.

18. Судска надлежност

Во случај на спор кој ќе произлезе од изнајмувањето на возило, надлежен за постапување е Основен суд Скопје 2 Скопје.

19. Дефинирање на термините

МИДА ДОО Скопје – сопственик на возилата

МИДА РЕНТ – А – КАР - изнајмувач на возилата

КОРИСНИК – физичко или правно лице, кое склучило договор за изнајмување со изнајмувачот и кое се обврзало да ги надомести трошоците за изнајмувањето

ВОЗАЧ- лице кое физички управува со возилото